Поради критиките дека комерцијалната авијација е одговорна за голем дел од вкупната емисија на штетни гасови, европските држави разгледуваат воведување нови т.н еколошки такси во авио сообраќајот.
Ова би значелно, веројатно и поскапување на цените на авио-билетите.
Според меѓународната организација за цивилна авијација, се работи за два отсто од вкупната количина на тие гасови, додека невладината „Клајмат екшн нетворк“ проценува дека во прашање се пет отсто.
Шведска веќе воведе такси на керозин од 6 до 38 евра по билет, а во таа држава веќе гласно се зборува за „срамота е да се патува со авион“. Франција веќе ја анализира можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои замена за патувања со воз пократки од пет часа.
Белгија и Холандија во почетокот на годината покренаа прашања за загадувањето и се очекува да бидат една од темите на состанокот на Советот на министри за сообраќај на ЕУ во Луксембург.
Според доверлив извештај на ЕК, неодамна објавен во јавност, такса од 330 евра за тон керозин би намалила емисии на штетни гасови за 11 отсто.
Во предлог законот пишува дека еден лет од Париз до Марсеј испушта 178 кг штетни гасови по патник, додека за исто патување со воз – 4,14 кг по патник.
Comments are closed for this post.