Европската комисија го казни Најк со 12, 5 милиони евра поради ограничување на прекуграничната продажба на производи за малопродажба. Ова ограничување се однесува на производи за малопродажба на некои од најпознатите европски фудбалски клубови и федерации, за кои Најк ја држеше лиценцата.
Европската комисија изјави дека незаконските практики на Најк се одвивале меѓу 2004 и 2017 та година, а се поврзани со лиценцирани производи на компанијата за фудбалски клубови Барселона, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Интер, Рома..
Санкциите следуваат по двегодишна истрага, од страна на секторот за електртонска трговија во 28 те држави на Европскиот сојуз. Целта на ЕК е да се засили он лајн трговијата и економскиот раст
Од Европската комисија изјавија дека ваквите дејствија на Најк ги лишувааѕ фудбалските фанови од можноста да купуваат различна опрема.
Comments are closed for this post.