Стотина плакати на кои се гледа ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, делумно задскриен со европските симболи, се поставени неделава од градската управа на Стразбур во Франција. Целта на иницијативата е избирачите да бидат охрабрени да гласаат на европските избори во мај идната година. Мото на кампањата, што исто така има за цел тивко да потсети на значењето на ЕУ пред САД на Трамп, е „Годинава јас се регистрирам, јас гласам“.
„Нормално е Стразбур, европската престолнина, да игра улога за да се запишат граѓаните во избирачките списоци“, вели Жан-Франсоа Ланлук, директор на градскиот оддел за односи со јавноста.
Comments are closed for this post.