Досегашниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој поднесе оставка на функцијата на барање на армијата, со авион заминал во Мексико, од каде што му понидија азил.

Како што објави мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, неговата земја ја донела одлуката за азил од хуманитарни причини и поради напнатата ситуација во Боливија.

Ме  боли што морам да ја напуштам земјата поради политички причини, но ќе се вратам во брзо време со многу повеќе сила и енергија – напиша Моралес на твитер, непосредно пред да се качи во авион на мексиканската влада во централниот боливиски град Чиморе, каде што престојуваше откако даде оставка во неделата.

По оставката на Моралес максимално се заостри тензијата низ целата земја, со судири меѓу демонстранти и полицијата, како и палење и ограбување објекти.

Самиот Моралес, 60-годишен социјалист со потекло од домордното население, во понеделникот објави дека толпа ги ограбила и демолирала неговата и куќата на неговата сестра. Тој ја обвини опозицијата дека ги предизвикала немирите, а истовремено ги повика своите следбеници да се однесуваат мирољубиво.