Досегашниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој поднесе оставка на функцијата на барање на армијата, со авион заминал во Мексико, од каде што му понидија азил.
Како што објави мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, неговата земја ја донела одлуката за азил од хуманитарни причини и поради напнатата ситуација во Боливија.
Ме боли што морам да ја напуштам земјата поради политички причини, но ќе се вратам во брзо време со многу повеќе сила и енергија – напиша Моралес на твитер, непосредно пред да се качи во авион на мексиканската влада во централниот боливиски град Чиморе, каде што престојуваше откако даде оставка во неделата.
Hermanas y hermanos, parto rumbo a México, agradecido por el desprendimiento del gobierno de ese pueblo hermano que nos brindó asilo para cuidar nuestra vida. Me duele abandonar el país por razones políticas, pero siempre estaré pendiente. Pronto volveré con más fuerza y energía.
— Evo Morales Ayma (@evoespueblo) November 12, 2019
По оставката на Моралес максимално се заостри тензијата низ целата земја, со судири меѓу демонстранти и полицијата, како и палење и ограбување објекти.
Самиот Моралес, 60-годишен социјалист со потекло од домордното население, во понеделникот објави дека толпа ги ограбила и демолирала неговата и куќата на неговата сестра. Тој ја обвини опозицијата дека ги предизвикала немирите, а истовремено ги повика своите следбеници да се однесуваат мирољубиво.
Pido a mi pueblo con mucho cariño y respeto cuidar la paz y no caer en la violencia de grupos que buscan destruir el Estado de Derecho. No podemos enfrentarnos entre hermanos bolivianos. Hago un llamado urgente a resolver cualquier diferencia con el diálogo y la concertación.
— Evo Morales Ayma (@evoespueblo) November 11, 2019
Comments are closed for this post.