Европската унија троши милиони евра на промоции преку печатење списанија, видеа и финансирајќи кампањи за информирање на граѓаните, објави денес основачот на британската евроскептична партија УКИП, Алан Скед.
Информацијата тој ја пушти во етерот токму денес на Денот на Европа, кога блокот земји ја слави декларацијата на Роберт Шуман.
Според британскиот академик и политичар Скед, „Брисел е опседнат со самопромоција и пропаганда“.
Тој истакнува дека на пропаганда „Брисел годишно троши по 580 милиони евра“, односно повеќе и од буџетот за реклами на „кока кола“.
Comments are closed for this post.