Вулканот на италијанскиот остров Стромболи денеска се активираше и исфрли големи количини пепел и чад.

Експлозија со висок интензитет е регистрирана во 10:17 часот по локално време, а досега нема пријавено никаква штета, објави италијанскиот институт за геофизика и вулканологија.

Како мерка на претпазливост, претседателот на сицилијанската област Нело Мусумечи на неколку часа забрани паркирање на приватни чамци и јахти во марината.

„За среќа, немаше ниту човечки жртви ниту материјална штета“, напиша тој на својот профил на Фејсбук. 

Слична ерупција вулканот имаше минатиот месец кога еден турист загина кога се обидел да го искачи врвот на вулканот.