Италијанската, албанската, црногорската, српската се најсилните мафии во светот. Но, во последните десетина години приматот го зазема ерменската мафија. Таа е една од најсилните во светот, посебно во САД голем дел од руските мафијаши се со ерменско потекло.

Најголемите олигарси и криминалци во Русија исто така се со ерменско потекло.
Киднапирање, оружје, и шверц на цигари се нивна „специјалност“. Во Европа се најактивни во Шпанија и Франција каде и живее голем број ерменско малцинство.
Но во последно време тие се навлезени и во спортско обложување, посебно во тенисот.

Ерменската мафија прави масовни измами ширум Европа. Таа мафија е структуирана, има луѓе кои се одговорни за сметките, луѓе задолжени за „прење на парите“ и луѓе задолжени да воспостават контакт со играчите.

Стотици помали суми на пари се вложуваат на наместените мечеви, а од секој меч заработката била по неколку десетици илјади евра. Како што пишуваат германските медиуми тенисот е плодна почва за местење бидејќи во овој спорт се вртат големи пари, а бидејќи спортот е индивидуален не се потребни многу луѓе за да се намести меч.