Претседателот на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска во Москва разговараат за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб.
Ердоган пред средбата изрази оптимизам дека по денешната средба со Путин во Идлиб би можело да биде прогласено примирје.
Додека Путин средбата ја почна со изразување сочувство за загинувањето на 33 турски војници во Идлиб при воздушните напади на сириската армија. Тој додаде дека ситуацијата во Идлиб е толку тензична поради што морало да се организираат директни разговори.
Борбата за Идлиб претставува последна голема област во северозападна Сирија под контрола на бунтовниците и може да предизвика, според Обединети нации, најголема хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во Сирија.
Ситуацијата во Идлиб ескалира на 27 февруари кога бунтовниците се обидоа да изведат голема офанзива. Сириската армија возврати на нападот, во кој според Анкара, загинаа 36 турски војници. Потоа турските воздушни сили извршија напади врз сириските позиции. Турција тврди дека погодила повеќе од 200 цели
Comments are closed for this post.