Претседателот на Франција Емануел Макрон, зборувајќи пред околу двеста членови на неговото парламентарно мнозинство, петнаесет дена пред дебатата во Националното собрание и Сенатот за имиграцијата, закажана за 30 септември и 2 октомври, најави заострување на француската политика за азилот и имиграцијата, јавува дописникот на МИА.
Обраќањето на Емануел Макрон беше во рамки на претставувањето на главните поенти од програмата на втроиот дел од неговиот мандат. Во таа прилика тој објасни дека е неопходно миграцијата да се разгледа директно, затоа што тоа се популарните-народни класи кои се соочуваат со неа се свртуваат кон екстремната десница.
–Ова е прашање што мора да се земе со зрелост и смиреност. Франција отсекогаш била земја на имиграција, рече Макрон пред учесниците на собирот.
–Прашањето е дали сакаме да бидеме буржоаска партија или не. Буржоазијата нема проблем со имиграцијата: тие не се среќаваат со неа. Популарните класи живеат со неа. Со децении, левицата не сакаше да го разгледуваат овој проблем, така што работничката класа се пресели во крајната десница, рече тој.
–Имате само еден противкандидат на теренот: тоа е Националниот фронт (сега Национален собир), мора да ја потврдите оваа опозиција затоа што Французите се тие кои го избраа тоа. Постојат два проекти: затворањето во самите себе си или изградба на отворено, но не и наивно решение “, заклучи тој.
Макрон е убеден во важноста на таканаречените суверени прашања – имиграцијата и безбедноста – за вториот дел од неговиот мандат. Односно тој веќе гледа на следните претседателски избори на кои имиграцијата и безбедноста ќе бидат, според него, главните теми на предизборната кампања, но и да го сврти вниманието од другите теми кои ја брануваат француската јавност како еколошката транзиција, екологијата или биоетиката. Ова и при ризикот да предзивика незадоволство кај своето мнозинство и неговиот премиер Едуард Филип.
Според анонимен учесник на средба, претседателот Макрон веќе покажал желба да ја заостри својата политика кон имиграцијата и азилот, понекогаш и со сурови зборови, како неговата желба да ги зголеми протерањата на Албанците без документи- бидејќи Албанците и Грузијците се најбројни баратели на азил во Франција.
За имиграцијата, извршната власт има намера пред се да биде во офанзива во однос на азилот. „Претседателот еволуираше многу од 2015 година и неговата поддршка за (канцеларката) Ангела Меркел за приемот на мигрантите. Во тоа време, тој беше на многу хуманистичка линија. За време на претседателската кампања, тој веќе се движеше кон поизбалансирана позиција. Но, од 2018 година, тој е затворен, тој смета дека општеството е поостро од политиката по ова прашање. “
На крајот на состанокот на владата на 11 септември, владиниот портпарол Сибет Н’Дајај го сумираше тоа благо, иако и таа произлегува од имиграцијата.
-Знаеме дека во иднина, еволуцијата на светот, постоењето области на конфликт, глобалното затоплување, ќе доведе до нови бранови на миграција. Ние мора да ја вооружиме нашата земја, рече таа јасно.
-Предизвик е да се знае дали Франција може да издржи прилив на еден милион луѓе од Магреб во случај на криза во една од земјите од регионот. Одговорот е не, вели еден министер.
Според годишното истражување „Француски фрактури“, спроведено за Ле Монд од Ипсос Сопра-Стериа, 64 отсто од Французите повеќе не се чувствуваат „дома како порано“, а 66 отсто веруваат дека „имигрантите не се трудат да се интегрираат во Франција.
Емануел Макрон тоа го има на ум и веќе гледа на изборите од 2022 година.
Comments are closed for this post.