Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, потпиша неколку договори со претставници на опозициски групи, еден ден откако опозицискиот лидер Хуан Гвадидо објави дека преговорите со владата „се завршени“.

„Го поздравувам потпишувањето на договорите со опозициските групи постигнат на преговарачка маса“, објави Мадуро на Фејсбук, појаснувајќи дека станува збор за документ на пет страници потпишан од помалите опозициски партии.

Како интересен развој на настаните е тоа што јавниот обвинител нареди истрага против Гвадидо под обвинение дека имал релации со банда нарко дилери.

Инаку, во саботата после пет недели преговори претставниците на Владата во Каракас се повлекоа од преговорите кои имаат цел да се реши политичката криза, а потоа Гвадидо објави дека преговорите се завршени.