На регионалните избори во Андалузија најмногу гласови освоија социјалистите, а во парламентот за прв пат после повеќе децении влегува партија од крајната деница.
Станува збор за антимигрантската, екстремно десничарска партија Вокс која освои 12 места во парламентот.
Честитка пристигна од лидерката на француската десна партија Марин Ле Пен, која на твитер напиша: Силни и пријатни честитки до моите пријатели од Вокс, кои вечерва во Шпанија постигнаа значаен резултат за такво младо и динамично движење”.
?? Mes vives et chaleureuses félicitations à nos amis de @vox_es qui, ce soir en #Espagne, font un score très significatif pour un jeune et dynamique mouvement. ?? MLP #Andalousie Cc @Santi_ABASCAL
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) December 2, 2018
Официјалните прелиминарни резултати покажуваат дека социјалистите освоиле 33 места, што е помалку од претходниот состав, и недоволно за мнозинство во регионалниот парламент кој брои 109 места.
Потоа следува конзервативната Народна партија со 26 места, а партијата од десниот центар „Сијуданос“ со освоени 20 мандати и левичарскиот „Подемос“ со 17 места.
По првата проценка на резултатите Ројтерс наведува дека ова е прв пат подемот на националистите кои ги зафати друготе европски земји да ја допре и Шпанија која долго се сметаше за имун на тоа со оглед дека многумина се сеќаваат на воената диктатура на која се стави крај во 1975 година, пишува Ројтерс.
Изборот во Андалузија, најбројната со жители покраина, биле, како што се наведува, воедно и тест како за социјалистичкиот премиер Педро Санчез, така и за новиот лидер на конзервативната Народна партија Пабло Касада.
Comments are closed for this post.