Стотици француски и светски експерти го повикаа францускиот претседател Емануел Макрон да се откаже од брзото обновување на катедралата „Нотр Дам“, која настрада во катастрофален пожар.

Повикот на експертите е објавен на сајтот на весникот „Фигаро“, а на него се потпишани 1.170 лица.

Како што забележува весникот, намерата на претседателот обновата да трае пет години предизвикува зачуденост и вознемиреност меѓу луѓето, кои се бават со обновување на објекти од културата во раѕлични држави.

Тие видни експерти повикуваат на внимателност и одговорно извршување на претстојните работи, пишува „Фигаро“.

Да не избрзуваме, туку да го избереме најдобриот пат за обновата, па дури потоа да поставуваме рокови во кои ќе биде извршена беспрекорна реставрација на катедралата, забележуваат експертите.