Веројатноста за Брегзит без договор е многу голема и граѓаните и компаниите од ЕУ треба да бидат подготвени за излегување на Велика Британија од Унијата на 31 октомври, изјави денеска портпаролката на Европската комисија Мина Андреева.
Во Лондон пратениците се обидуваат да го спречат премиерот Борис Џонсон од тоа што го сметаат за погубен Брегзит без договор, во услови на шпекулации дека Владата може да распише предвремени избори на 14 октомври.
Нашата работна хипотеза е дека ќе има Брегзит на 31 октомври, рече портпаролката Андреева.
На прашањето дали излегувањето на Велика Британија без договор сега е најверојатно сценарио, таа одговори дека има многу голема веројатност.
Всушност, тоа е причината поради која ја испраќаме оваа последна порака – да се подготвиме за Брегзит без договор, рече Андреева.
Таа додаде дека најдобрата опција ќе биде Брегзит со договор.
Comments are closed for this post.