Државата Катар го слави својот Национален ден на 18-ти декември секоја година по повод пристапувањето на шеикот Џасим бин Мохамед бин Тани на власт во Државата, успевајќи при тоа да ја обедини својата татковина во 1878 година и да ги постави темелите на својата модерна држава и да го претвори Катар во единствена, сплотена и независна држава. Националниот ден ја слави припадноста и лојалноста кон татковината, и ја прикажува солидарноста, единството и гордоста кон националниот идентитет на државата Катар.
Катар поседува една од најсилните економии рангирајќи се на врвот на најбогатите земји во светот . Тоа му овозможува на Катар да ги прошири своите развојни планови и инвестициски потенцијали во индустриските и економските домени и во научно истражувачки дејности како во земјата, така и во странство. Високите приходи во оваа држава се користат во масовни развојни мега проекти, од инфраструктура до поддршка на индустријата, странски инвестиции и приватен сектор.
Туризмот во Катар се смета за силен придонесувач во економијата и претставува вистинска манифестација на модернизацијата на државата. Спортот е во водство со меѓународни настани кои се движат од трки со коњи и камили до брзо возење со чамци и бродови. Катар исто така ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал ФИФА 2022, а воедно и прва арапска земја што го организира настанот.
Од воспоставувањето билатерални односи меѓу Државата Катар и Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа и потпишаа голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување и зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства.
Следејќи ја Националната визија 2030 година, Катар дејствува како активна и одговорна членка во меѓународната заедница и придонесува кон одржување на меѓународниот мир и безбедност преку политички, економски, развојни и хуманитарни иницијативи.
Comments are closed for this post.