Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, загина еден, а повредени се 44 луѓе. Тројца од повредените се во критична состојба.
Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.
Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на „Фликсбус“, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.
Comments are closed for this post.