Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека не е подготвен да размислува за оставка.

– Ќе заминам во Брисел, ќе обезбедам договор и ќе излеземе од ЕУ на 31 октомври, истакна Џонсон.

Запрашан дали ќе поднесе оставка доколку тоа не се случи, тој одговори оти тоа не е хипотеза за која е подготвен да размислува.

Џонсон во вторникот претрпе голем пораз во Парламентот, бидејќи противниците меѓу неговите ториевци и опозициските пратеници гласаа за преземање контрола врз излезот на Велика Британија од ЕУ.

Законот, кој има за цел да спречи Брегзит без договор, го обврзува Џонсон да побара од Брисел продолжување на рокот за излез на Британија од Унијата по 31 октомври