Здравствените власти во Непал се во состојба на зголемена тревога во однос на ширењето на денга вирусот, откако во главниот град Катманду почина едно лице , а министерот за земјоделство во земјата е заразен.

Но, што е всушност Денга вирус!

Денга е инфекција предизвикана од вирус на денга. Комарците го пренесуваат (или го шират) вирусот на денгата. Треската од денга е позната и како „коскокршечка треска“ затоа што може да предизвика толку силна болка, што болниот ќе има чувство како да му се кршат коските.

Некои симптоми на треската денга се треска, температура, главоболка, осип на кожата што заликува на морбили, како и болка во мускулите и во зглобовите. Кај некои заболени, денгата може да се претвори во форма што е опасна по животот. Првата е хеморагичната треска на денга, што предизвикува крварење и протекување на крвните садови (цевчиња што пренесуваат крв), како и ниско ниво на тромбоцити (што ја засируваат крвта). Втората е синдромот на шок одс денга, што предизвикува низок крвен притисок.