Бројот на британски граѓани, кои бараат ирски пасоши, во 2018 година е зголемен за 22 отсто, што е за повеќе од двапати од времето кога Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на ирското министерство за надворешни работи.
Годинава близу 100.000 Британци побарале да си го зачуваат своето европско државјанство преку добивање пасоши од својот најблизок сосед, додека минатата година оваа бројка изнесувала 81.000. Во 2015-годината пред референдумот за Брегзит, биле евидентирани 45.000 молби за ирско државјанство, по што барањата нагло се зголемиле.
Секој роден во Република Ирска или во Северна Ирска, или со ирски родител или прародител, има право на ирски пасош, а тоа се 6 милиони британски граѓани. Тие имаат право на двојно државјанство.
Молбите за ирски пасоши во Северна Ирска, чии граѓани можат да имаат двојно државјанство-ирско и британско, зашто провинцијата е дел од Обединетото Кралство, годинава се зголемиле за два отсто.
Comments are closed for this post.