Субвенции за купување по системот „старо за ново“ или надоградба на хардверот за контрола на емисиите на штетни гасови, ќе мора да одберат сопствениците на постари дизел возила во Германија.
Оваа мерка ја подготвува германската Влада и ќе се однесува за градовите каде што е особено изразен проблемот со загадувањето. Можноста за ваквиот избор им се дава на возачите на дизел возила за да се избегне воведување на непопуларната мерка за забрана за возење.
Во договорот во кој имале увид германските медиуми, домашните производители на автомобили биле согласни да понудат програма „старо-за-ново“ со атрактивни субвенции или попусти за сопственици на дизел возила со стандардните Еуро 4 и Еуро 5.
Доколку, пак, сопствениците на модел на автомобил со Еуро 5 сакаат да надградат хардвер со систем за селективна каталитичка редукција и ако е достапен, Владата очекува производителите да ги преземат на себе тие трошоци, се наведува во документот.
Трошоците за надградба на хардверот со таков систем кај доставни возила и трговски комбиња владата ќе го субвенционира до 80 отсто.
Во Германија има 3,1 милиони автомобили со Еуро 4 стандард и 5,7 милиони со Еуро 5 дизел возила, од вкупно 46,5 милиони автомобили на германските патишта.
Comments are closed for this post.