Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска се очекува да ја посети катедралата Нотр Дам, точно две години по пожарот во кој беше тешко оштететена.

Во интервју за весникот „Паризиен“, тој ветува дека ќе се исполни заложбата за обнова на катедралата за 2024 година.

Речиси доживеавме исчезнување на нешто што и припаѓа на нашата култура, на нашата книжевна, архитектонска, религиозна и секуларна историја, на имагинацијата на Франција, вели во интервјуто Емануел Макрон за ужасниот пожар што ја зафати Богордичната црква во Париз пред само две години.

Ветувањето за 2024 година ќе се одржи. Петте години ќе се одржат. Она што за мене е важно е дека планирањето на работните изведби може да се почитува, со сета почит кон архитектите и занаетчиите. Сите сега се сигурни дека ќе стигнеме во 2024 година, нагласи тој.

Со обновата на катедралата, градот Париз почнува да разгледува за уредувањето на просторот околу неа, кој се досега беше најмногу резервиран за туристите.