Бразилскиот П1 сој на коронавирусот, кој е причина за зголемување на смртноста од ковид-19 во оваа латиноамериканска земја, мутира на начин што ќе го олесни избегнувањето на создавање на антитела, покажаа бразилски научни истражувања.

Студија за варијантата или сојот што циркулира во Бразил, спроведена од Институтот за јавно здравје „Фиокурс“, откри мутации во делот на шилото на вирусот што се користи за влегување и заразување на човечки клетки.

Со тоа, мутациите, предупредуваат бразилските научници, може да го направат вирусот поотпорен на вакцини кои се насочени кон протеинот на шилото, со потенцијални сериозни последици за ширењето на болеста во најнаселената нација во Јужна Америка.

„Веруваме дека ова е уште еден механизам за прикривање што го создава вирусот за да се избегне реакцијата на антителата“, вели Фелипе Навека, еден од авторите на студијата од „Фиокруз“ во амазонскиот град Манаус, каде што се верува дека сојот П1 и започна.

Навека вели дека промените изгледаат слични на мутациите забележани во уште поагресивната јужноафриканска варијанта, против која, како што покажаа некои студии, некои вакцини имаат значително намалена ефикасност.