Авионот на германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета во Келн откако не долго по полетувањето за Аргентина, каде канцеларката одеше на Самитот Г20, авионот имал „проблеми со електрониката“, соопштија германски медиуми.

Така наместо лет подолг од 15 часа, авионот „Конрад Аденауер“ морал да се враќа назад по само еден ќас лет заради „технички проблеми“. Авионот се вратил од воздушниот простор на Холандија и морал принудно да слета во процедура на опасност на аеродромот во Келн.

Германската делегација можела да бира да остане во Келн или да продолжи за Буенос Аирес со комерцијален лет. Меркел и екипата решиле да останат во авионот, објави на Твиер Гордон Репински, еден од новинарите кој бил во авионот.

Резервен авион бил испратен од Берлин за да ја однесе делегацијата на Г20, каде Меркел меѓу другите, треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин во време на сериозна тензија меѓу Киев и Москва за теснината Керч во Азовско Море.

Според медиумски информации, пилотите од авионот на Меркел по 20 минути од полетувањето во Берлин испратиле сигнал за аларм под код 7600. Но, се покажало дека не е проблем само во комуникации кои се воочени во пилотската кабина, туку авионот А340 се соочил со мала писта затоа што на летиштето во Келн се реконструира.Тоа значело многу брзо кочење, но и ризик од пожар зашто „ербасот“ бил полн со керозин, а не можел никаде да го исфрли.