Расте бројот на  загинати лица  од лавините   во Австрија.  Повеќе од 40 места во Тирол, Долна Австрија и Штирија се отсечени и се означени како кризни зони. 1200 војници им помагаат, но  ризикот од лавини никогаш порано не бил толку голем.

Во четири федерални провинции,  е прогласено највисоко ниво на опасност од лавина. Вчера попладне загина  еден тинејџер (16), кој беше затрупан  од лавината во Св. Антон ам Арлберг. Вкупно 11 лица загинаа досега поради  снежниот хаос во Австрија и Германија. Од скијачкото подрачје Видкогел, спасувачите од лавината извекле девојка и две момчиња . Лавината ги затрупала  тројцата млади додека возеле сноуборд на обележана стаза. Спасувачите стигнале брзо и ги спасиле тинејџерите. За среќа не се повредени, но биле во шок. Неколку луѓе се сметаат за исчезнати и се бараат од страна на спасувачите


Бројни училишта во јужна Баварија се затворени, а некои домаќинства немаат електрична енергија. Во градот Ансбах слета училишен автобус и 12 деца беа повредени. Снегот создава големи сообраќајни тешкотии.