Блиндиран инкасаторски автомобил истурил дожд од долари на автомагистрала во Атланта, Џорџија, предизвикувајќи вистински хаос во сообраќајот, соопштува WSB-TV. Десетици возачи излегле од своите автомобили за да ги собираат банкнотите.
Според полицијата, од засега непознати причини вратите на инкасаторскиот автомобил незабележано се отвориле во текот на возењето. Првичните информации велат дека на автопатот се истуриле не помалку од 175.000 долари.
NEXT ON CHANNEL 2: Police say $175K spilled onto I-285 from armored car; Drivers who took cash could face charges: https://t.co/0c6ZXpVab4 pic.twitter.com/oap17Ne1Np
— WSB-TV (@wsbtv) July 10, 2019
Повеќето собирачи на банкнотите веднаш си заминале со парите, што ги дограбиле, но имало и такви кои ги вратиле. Полицијата ги повикува граѓаните да го вратат „ловот“, зашто банкнотите можат да бидат откриени според серискиот број.
Comments are closed for this post.