По Матео Месина Денарo, познат и како Дијаболик го бараат на сите локации на Сицилија.
Тој е наречен врховниот кум на Коза Ностра, една од водечките мафијашки организации од Сицилија.

Тој е во бегство од 1993 година по бомбашки напад во кој беа убиени познатите обвинители Фалконе и Паоло Борселино (1992), за што веќе е осуден во отсуство на доживотен затвор, бидејќи важи за еден од идеолошките творци на овие злосторства.

Фалконе, неговата сопруга и тројца припадници на неговата полициска придружба беа убиени на 23 мај 1992 година, кога нивните автомобили беа разнесени на автопат додека се движеа кон Палермо од блискиот аеродром

Борселино, заедно со петмина членови на неговата придружба, беше убиен два месеци подоцна, во експлозија на автомобил -бомба додека ја минуваше улицата во Палермо пред куќата на неговата мајка.Прекарот Дијаболик го доби по истоимениот лик од италијанските стрипови