Наспроти заострувањето на западните санкции, економските показатели на Русија изненадија со својата позитивна динамика, пишува германски „Ди Велт„.

Во третиот квартал од годинава, Русија на тековната сметка на платниот биланс регистрирала вишок од 26,4 милијарди долари. Тоа соодветствува на 6,5 отсто од БДП, што претставува апсолутен рекорд. Централната банка годинава очекува позитивен биланс од 98 милијарди долари.

-Овие податоци нема да се според вкусот на оние кои се надеваат дека различните економски санкции ќе доведат до брз и исклучително негативен ефект за руската економија. Во блиска перспектива како се да ќе биде спротивно, забележува авторот.

Според аналитичарите, главни причини за „сензационалните„ добивки на руските компании и на буџетот се поскапувањето на нафтата и промената на курсот на рубљата.