Германецот Ралф е осуден на условна казна поради смртта на неговата сопруга Кристел од премногу секс. 52-годишниот Ралф и 49-годишната Кристел се венчале минатата година и двајцата сакале садо-мазо секс. Но, за време на медениот месец претерале и Кристел умрела по четири дена, објави „Билд“.

За време на судењето Ралф признал дека без престан воделе љубов 48 часа, но ветил дека нема да го повтори делото.