Белгиската полиција употреби водени топови и солзавец во центарот на Брисел во обид да ги растера демонстрантите против зголемувањето на даноците, коишто фрлаа со камења по седиштето на Владата.
Демонстрантите, коишто по углед на учесниците на протестите во Франција против зголемувањето на цените на горивата се именуваат како „жолти елеци“, повеќе од три часа го блокираа сообраќајот во Брисел, а демонстрациите ескалираа во отворен судир меѓу полицијата и демонстрантите коишто палеа возила.
Протестот не беше пријавен, па така не е точно познато кој гу предводи демонстрациите, што беа организирани преку социјалните мрежи.
Од полицијата соопштија дека 60 луѓе биел уапсени пред узбивањето на насилствата, главно поради блокирање на улиците и поседување големи петарди и факели.
Учесниците на демонстрациите се жалат на се поголемите оптоварувања врз животниот стандард.
Comments are closed for this post.