Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја покрене најголемата владина пропагандна кампања во земјата од Втората светска војна, во обид да ја добие поддршката на јавноста за својот план во однос на Брегзт, објави денеска „Дејли телеграф“.

Конзервативната Влада на Џонсон ќе вложи стотина милиони фунти во текот на следните три месеци како дел од својата кампања, објави весникот, повикувајќи се на неименувани извори од Владата. Весникот посочува дека кампањата која треба да ја подготви земјата за Брегзит без договор, ќе биде фокусирана на билборди, радио и телевизија.

Шкотската премиерка Никола Старџен, која во текот на денот ќе има средба со Џонсон, оцени дека најавеното финансирање на кампањата е „срамно фрлање пари“.