За еден ден е одложено сослушувањето за одредување притвор на 19-годишната Британка, која се соочува со обвинение за јавна непријатност, откако призна дека лажно обвини 12 израелски тинејџери дека пред неколку дена ја силувале во туристичкото место Паралимни, на Кипар.

Американските медиуми јавија дека судијата Тониа Антониу донела одлука за еднодневно одложување на одлучувањето, бидејќи адвокатот на Британката се наоѓал во странство.

Британската ќе остане во притвор до утрешното излегување пред судот, бидејќи постои ризик од бегство од Кипар, јави државната кипарска агенција.

Кипарската полиција вчера ги ослободи останатите седум од 12 израелски осомничени тинејџери кои првично беа уапсени бидејќи британката изнесе обвинувања дека ја силувале.