Посета на Дедо Мраз во белгиски дом за стари лица резултираше со 118 новозаразени со коронавирус, според последните податоци објавени од тамошните локални медиуми, јавува „The Brussels Times“. Во моментов, 98 корисници и 20 членови на персоналот се заразени по посетата на дедо мразот во центарот кој се наоѓа во општината Мол, во градот Антверп.
Првиот пријавен случај бил викендов, откако син на еден од корисниците во домот се облекол како Дедо Мраз и го посетил домот, со цел да ги расположи луѓето сместени таму. Неколку дена подоцна пак, тој не се чувствувал добро, се тестирал и резултатот бил позитивен на Ковид-19.
Првите извештаи наведуваа дека со вирусот се заразени 45 лица, потоа сите корисници и персоналот биле тестирани за да се открие целосниот обем на пандемијата, а неделава бројот продолжува да расте.
Според општинскиот кризен штаб, активности како посета на Дедо Мраз се забранети, а компанијата Армонеа која управува со домот, не го известиле кризниот штаб за тоа што се случувало.
Во Белгија досега се регистрирани над 611.000 случаи со Ковид-19, додека бројот на активни случаи изнесува над 551.000.
Comments are closed for this post.