Моќниот тропски циклон, Вероника, го погоди северозападното крајбрежја на Австралија, носејќи со себе силен ветер и поројни дождови.

Како што соопшти австралиската метеоролошка служба, ветерот, што на места дувал и со брзина до 154 километри на час, предизвикал бранови високи по неколку метри, кои заедно со поројниот дожд, предизвикале поплави на крајбрежјето.

Властите прогласија „црвено“ ниво на опасност од појава на поплави и апелираа до граѓаните да најдат сигурни засолништа од ветрот.

Од циклонот најтешко е погоден градот Порт Хедланд, што е еден од најголемите центри во светот за извоз на железна руда.

Вероника е втор циклон што ја погодува Австралија викендов, откако вчера северното крајбрежје на државата го погоди и ураганот од четврта категорија, Тревор, исто така проследен со поројни дождови и силен ветер со брзина и до 250 километри на час.