Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати, во источниот дел на Зимбабве по налет на циклонот „Идаи”, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре.
Војската е вклучена во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот.
Неколку илјади луѓе се погодени од невремето во пограничниот дел во близина на Мозамбик, нагласија локалните власти.
Во Мозамбик загинаа 19 лица, додека 56 во Малави.
Половина милион жители на Мозамбик останаа без електрична енергија, а во градот Бејра се уништени неколку илјади куќи, соопшти Националниот институт за спречување на катастрофи
Comments are closed for this post.