Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес воведе целосно затворање на национално ниво до 17 мај.

Тоа ќе вклучува континуирано заклучување, затворање на училиштата и ограничување на меѓуградските патувања за да се ублажи растот на бројот на заболени од коронавирусот и смртните случаи.

Ердоган, после состанокот на кабинетот, рекол дека за сите меѓународни патувања ќе биде потребно одобрување од власта и дека сите училишта ќе ја прекинат наставата во живо, пренесе Ројтерс.

Според неговите зборови, производниот и прехрамбениот сектор ќе бидат исклучени од новите ограничувања. Дневниот број на случаи би требало да падне под 5.000 до крајот на исламскиот свет месец рамазан, додаде турскиот претседател.

Бројот на дневни случаи во Турција достигна повеќе од 63.000 на 16 април, пред во недела да падне под 39.000, додека дневниот број на смртни случаи остана над 300 во изминатата недела.