Италија денес се „затвори“ – на сила стапи карантин кој важи на целата територија до 27 декември.
Во последните 24 часа биле евидентирани скоро 15.000 новоинфицирани лица, додека 553 лица починале од Ковид 19, пишува агенцијата Анса.
Според Министерството за здравство, нивото на инфекција е умерено или високо во повеќето италијански провинции, а трета недела по ред, нивото на ширење на инфекцијата е загрижувачки високо во северната провинција Венето.
Во споредба со периодот пред две недели, кога стапката на ширење на вирусот Rt беше 0,82, оваа недела е 0,9, што значи дека ширењето на коронавирусот не е запрено и затоа се неопходни мерки за целосен карантин.
Факторот Rt се добива со збир од 21 индикатори за епидемиолошката состојба и ситуацијата се смета под контрола доколку тој индикатор е помал од 1.
Премиерот Џузепе Конте за телевизијата Раи изјави дека мерките се строги, но неопходни.
Ни требаат, така што во јануари ќе можеме да дозираме мерки само во оние региони каде што е потребно“, рече Конте.
Во Италија, два милиони луѓе се заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, а бројот на жртвите е 70 000, па затоа е на прво место.
Comments are closed for this post.