Полицијата на Нов Зеланд верува дека 28 годишниот Брентон Тарант, кој пред два дена изврши масакр во две џамии во градот Крајстчрч, делувал сам. Истрагата покажала дека трите лица кои беа уапсени веднаш по нападот, немаат никаква врска со напаѓачот.
Во меѓувреме, уште едно лице подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од масакрот се искачи на 50. Во болниците се уште се наоѓаат триесетина лица, од нив 12 се во критична состојба, мегу нив и едно 4 годишно девојче.
Инаку, Тарант вчера за првпат се појави пред суд. Обвинет е за убиство и одредена му е мерка притвор. На 5 април тој треба да се појави пред Високиот суд кога се очекува да му се прошири обвиниението.
Comments are closed for this post.