Бројот на заразени од корона во Германија се зголемува што предизвика сериозна вознемиреност кај канцеларката Меркел која свика итен состанок со премиерите на сите сојузни покраини.
Според институтот Роберт Кох, потврдени се 561 нов случај. Во петокот и саботата забележани се повеќе од 1.400 новозаразени, а повеќе од илјада новозаразени денвно последен пат е потврдено во мај.
Врвот на епидемијата беше на почетокот на април, кога беа забележани над 6.000 новозаболени во еден ден.
Вкупно во Германија се потврдени 224.014 случаи на зараза од избивањето на коронавирусот, а починаа 9.232 лица.
Comments are closed for this post.