Австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел, денеска им порача на Британците кои живеат во нејзината земја дека нивните права ќе бидат заштитени дури и во случај Велика Британија да ја напушти Европската унија.
„Без оглед на тоа каков ќе биде исходот, британските граѓани во Австрија можат да бидат уверени дека се добродојдени и дека нивните права ќе бидат заштитени. Вие сте драгоцени за нашата земја и сакаме така и да остане“, напиша Кнајсел на Твитер.
An orderly #Brexit is essential. But whatever the outcome may be, British citizens in Austria can rest assured that they will still be welcome and their rights will be protected. You are a valuable addition to our country and we want you to stay!
— Karin Kneissl (@Karin_Kneissl) January 14, 2019
Comments are closed for this post.