Бразил ангажирал 44.000 војници во северниот дел на зафатената од пожари Амазонија, соопшти Ројтерс.

Во случај на потреба, можат да бидат ангажирани и дополнителни сили. Претседателот Жаир Болсонаро ја искористи мерката како одговор на критиките од целиот свет со кои се инсистираше на посериозни активности против огнената стихија.

Министерот за заштита на животната средина на Бразил, Рикардо Салес, изјави дека четири држави побарале помош од централната власт.

Ги вложуваме сите напори за да се справиме во борбата со незаконските еколошки престапи во регионот на Амазонија. Покрај ова, имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, работиме во тесна соработка со органите кои се одговорни во борбата со пожарите во секоја од соодветните држави, изјави тој.

Бразилскиот претседател Болсонаро ги обвини невладините организации, без да објави докази дека се одговорни за пожарите во Амазонија.