Судот во холандскиот гад Утрехт донесе пресуда со која наредува да се загаснат сите активности на мото клубот Ангели на пеколот. Јавниот обвинител го побара тоа затоа што постои култуа на насилство во клубот што претставува закана за општеството и владеењето на законите. Судијата се согласи со тие аргументи.

Ова е прва пресуда во светот каде се носи целосна забрана за Ангели на пеколот. Во некои земји, како на пример во Германија, донесе е забрана само за некои локални клубови, но не и за целата организација.

Ангели на пеколот во Холандија постојат 40 години. Но заради нивната куктура на насилство, како и употребата на оружје против членови на други групи, таа сега е забранета.

Инаку, претходно под мраз се ставени и моторџиските клубови Сатударах и Бандидос.