Националниот комитет за спречување на еболата во Конго соопшти дека речиси 2000 лица починале како последица од заразата со овој вирус, додека најмалку 3000 лица се заболени.
Најновите податоци се објавени викендов, после дијалогот кој го организираа Католичката и Англиканската црква во врска со напорите за спречување на еболата кај локалните заедници.
Неверувањето на здраствените работници и бројните безбедносни прашања се уште преставуваат закана за нова ескалација на ебола, која би била втора во историјата во регионот која десетина години ја разоруваат борбата помеѓу вооружените групи во земјата богата со руда.
Комитетот потврди 3002 случаи на заболување и 1974 смртни случаи од ебола.
Светската здравствена организација соопшти во петокот дека е забележан најнизок неделен резултат од ширењето на ебола од март 2019 со 40 нови случаи.
Но, неизвесно е дали позитивниот тренд ќе продолжи.
Comments are closed for this post.