Британскиот премиер Борис Џонсон кога е во прашање излезот од ЕУ на 31 октоврми – Брегзит – се спореди себе си со неверојатниот зелен лик од стриповите на Марвел – Хулк.

Во интервју за Маил сандеј, Џонсон уверува дека ќе најде начин да го заобиколи законот неодамна усвоен во Парламентот кој го обврзува да бара одлагање на Брегзитот доколку не се постигне договор со ЕУ.

„Хулк станува уште погневен“, истакна Џонсон. „Хулк секогаш наоѓа излез, без разлика колку тешки предизвици име пред него и токму тоа ќе се случи со земјата оваа година. Ќе излеземе од ЕУ на 31 октоврми“, наведе тој.

Претходно Џонсон рече дека за десет дена може да се подготви нов договор кој ќе му се предложи на Брисел.

Британскиот премиер в понеделник во Луксембург ќе се сретне со Жан Клод Јункер, шефот на Европската комисија во заминување.