Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони познат по многубројните сканддали со старлети и корупција денеска најави дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај. Како што објави “Еуроњуз”  Берлускони ова го најавил за време на турнејаата низ Сардинија.

Верувам дека со своите способности, вештини и знаење ќе одиграм клучна улога во предупредувањето на граѓаните на опасноста од застранувањето од европските вредности, изјави Берлускони.

Тој беше на чело на Италија речиси 20 години. Во 2011 поднесе оставка на премиерската функција поради бројните скандали со забави со старлети и плаќање ескорт услуги. Во 2013 година доби и забрана за учество во политичкиот живот во Италија.