Еден белгиски ловец Ф-16 се урна денес во Франција за време на воени вежби, објави холандскиот сервис НОС. Двајцата пилоти успеале навреме да се катапултираат, соопштија белгиските воздушни сили.

Еден од пилотите со својот падобран се заглавил на електрични жици и повреден е пренесен во болница, додека другиот пилот се чувствува добро.

Според соопштението, белгискиот Ф-16 полетал од белгиската база во близина на Намур и учествувал во вежби. Причината за несреќата не се знае, а авионот се урнал во местото Лориент.

На местото на несреќата може да се види црн чад на само десетина метри од населено место.