Автомобил удри во портата на седиштето на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин пред состанокот за новите мерки на корона во таа земја.
На автомобилот се испишани пораките „Стоп за глобализацијата“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.
Вооружени припадници на полицијата и полициски кучиња се пред седиштето на германската канцеларка.
Извори од полицијата невеле дека возачот е приведен.
Денеска Меркел треба да биде домаќин на видео конференција на тема продолжување и заострување на епидемиолошките мерки и понатамошни чекори за борба против пандемијата на корона вирусот.
#BREAKING: Car seen crashing into gate of Merkel’s Chancellery in Berlin pic.twitter.com/XXBKvhvIVK
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) November 25, 2020
Comments are closed for this post.