Тројца загинати и најмалку 20 лица се повредени кога двокатен автобус се заби во постојка во Вестборо во Отава, Канада.

Началникот на полицијата Чарлс Бордел изјавил дека повеќето од повредените биле во горниот десен дел од автобусот. Според него, истрагата за причините за нереќата ќе потрае а возачот на авобусот бил затекнат на местото на настанот и ќе биде испрашан во полициска станица.

Од болницата во Отава изјавуваат дека примиле девет пациенти во критична состојба по несреќата.

На фотографиите обавени на Твитер може да се забележи како предниот дел од автобусот е прилично оштетен, а дека стреата од постојката е забиена во горниот спрат од автобусот.