Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека придобивките од вакцината „Астра Зенека“ се зголемуваат со возраста. Според Агенијата, придобивките генерално ги надминуваат ризиците, како што се ретките случаи на згрутчување на крвта.
Новата студија доаѓа откако неколку европски земји ја прекинаа или ограничија вакцинацијата,
Студијата покажува „дека придобивките од вакцините растат со возраста“, се вели во соопштението на европскиот регулатор.
Придобивките од Вакзеврија (името на вакцината на АстраЗенека) ги надминуваат ризиците кај возрасните од сите возрасти, додаде ЕМА.
Ретките случаи на згрутчување на крвта се случиле кај едно лице на 100 000 вакцинирани, додава европскиот регулатор.
Вакзеврија е ефикасна во спречување на хоспитализации, интензивна нега и смрт од ковид-19“, додава ЕМА. „Најчестите несакани ефекти се генерално лесни или умерени и состојбата се подобрува за неколку дена.
И покрај извештаите дека случаите на згрутчување на крвта се почести кај жените, ЕМА соопшти дека „нема доволно податоци на ниво на ЕУ“ за да се потврди сомнежот дека ризиците се поврзани со полот.
Comments are closed for this post.