Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин.

Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

Таа исто така патуваше со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота.

Засега е непознато дали карантинот ќе влијае на втората дебата на Трамп со Бајден, што треба да се одржи на 15 октомври.

Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп телефонски за „Фокс њуз“.

Блумберг јави дека Хикс при враќањето од Минесота покажала први симптоми на болеста.