Новиот специјален претставник на САД за политичката криза во Венецуела, Елиот Абрамс, е добро познат во јужноамериканските кругови поради скандалот околу признавањето вина за прикривање информации за аферата „Иран-Контра“. Во тој скандал, Абрамс учествуваше со неговиот обид да се дискредитираат информациите за масакрот на речиси 1.000 луѓе од воен батаљон во Ел Салвадор обучен од американската армија.
Елиот Абрамс, неоконзервативен републикански инсајдер, неделава беше именуван од страна на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за да ги координира сите аспекти на американската кампања за смена на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Оваа криза во Венецуела е длабока, тешка и едвај чекам да работам, рече Абрамс по неговото назначување во петокот – истакнувајќи дека тој го напуштил Стејт департментот пред 30 години.
Помпео ја нарече венецуелската криза „глобален предизвик“.
Елиот ќе има одговорност за сите нешта поврзани со нашите напори за враќање на демократијата во Венецуела. Има повеќе димензии за тоа како се надеваме дека ќе им помогнеме на Венецуелците во постигнувањето демократија таму и тој ќе биде одговорен за водењето на тој процес – изјави Помпео.
Абрамс, опишан од Помпео како „принципиелен и цврст ум, ветеран за надворешна политика“, во саботата го придружуваше државниот секретар, за да побара од Советот за безбедност на ОН да го признае водачот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како привремен претседател.
Елиот Абрамс, како и неговиот нео-конзервативен колега, Џон Болтон, верува во користењето на сила на САД за соборување режими што Вашингтон не ги сака, а не да преговара со нив. Тој е погрешен човек за функцијата пратеник за Венецуела, бидејќи се додека војската остане лојална на Мадуро, единствениот излез од венецуелската криза е некој вид преговарање – изјави за „Си-Ен-Ен“, Вилијам Леогранде, професор на Американ Универзитетот кој специјализирал за политиката на Јужна Америка и американската надворешна политика.
Леогранде вели дека Куба би можела да одигра клучна улога во преговори за Венецуела, но и дека Абрамс и Болтон имаат долга историја на клевети за Куба.
Абрамс, како помошник државен секретар за Јужна Америка додека беше претседател Џорџ В. Буш, се спротивстави на тоа да и дозволи на Куба да се приклучи на разговорите спонзорирани од САД помеѓу Ангола и Јужна Африка во доцните 1980-ти, со одложување на крајот на војната во Ангола со години – посочи професорот.
Во контроверзното минато на Абрамс во регионот е впишано и неговото учество во злоупотреба на човековите права од страна на централноамериканските влади блиски на САД додека служеше во Стејт департментот кога претседател беше Роналд Реган.
Абрамс е вовлечен и во најголемото масовно убиство во поновата јужноамериканска историја – масакрот во декември 1981 година врз околу 1.000 мажи, жени и деца во Ел Салвадор извршен во селото Ел Мозоте од страна на американски обучени и опремени воени единици.
Во извештајот на Хјуман Рајтс Воч за масакрот се вели дека Абрамс на сослушувањата на Сенатот „умешно искривил неколку прашања за да ги дискредитира јавните податоци за масакрот“, инсистирал на тоа дека не може да се верува во бројот на пријавени жртви и „искажал пофалба“ за воениот батаљон одговорен за масовните убиства.
Во 1991 година, соочен со повеќе кривични дела, Абрамс се согласи да се изјасни за виновен за две точки за прикривање информации за Конгресот за аферата „Иран-Контра“. Тој беше осуден на две години условна казна и 100 часа принудна работа во заедницата, а подоцна беше амнестиран од претседателот Џорџ В. Буш.
Најлошиот скандал на администрацијата на Реган, „Иран-Контра“, вклучуваше финансирање на антикомунистичките бунтовници во Никарагва.
Тајната операција беше водена од Оливер Норт од Советот за национална безбедност и беа искористини средствата од продажбата на оружје во Иран за финансирање на антикомунистичките бунтовници во Никарагва и покрај забрана од Конгресот за такво финансирање.
Comments are closed for this post.